Утре на „Арена Спорт“ ќе имаме прилика да се потсетиме на еден од најголемите спектакли кои се одржуваа во нашата земја кога е спортот во прашање.
Во 2017 година Македонија и Скопје беа домаќини на Суперкупот на Европа кој имавме среќа да биде еден од најсилните во последните години се сретнаат европските гиганти Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тие денови беа фантастични за Скопје, но и за целата држава која доживеа една огромна промоција ширум светот. На улиците во Скопје имавме прилика да видиме легенди како: Сер Алекс Фергусон, Роберто Карлос, Раул Гонзалес и уште многу други. Секако тука беа и актуелните играчи на двата клуба.
Главен судија на натпреварот познатиот италијански арбитар Џанлука Роки.
Натпреварот заврши со победа на Реал Мадрид од 2:1. Головите ги постигнаа Иско и Касемиро за Реал, Лукаку беше стрелец за Јунајтед.
ГОЛОВИТЕ И ШАНСИТЕ ОД НАТПРЕВАРОТ:
Репрезниот пренос на „Арена“ ќе биде утре од 11:00 часот наутро.
ЦЕРЕМОНИЈАТА ПРЕД ТОЈ НАТПРЕВАР БЕШЕ ФАНТАСТИЧНА: