Самуел Умтити во интервју за „Мундо Депортиво“ призна дека плачел на состанокот со претседателот Жоан Лапорта ов а лето.
Куман не смета на 27-годишниот дефанзивец, Барселона сака да се ослободи од него, меѓутоа тој се обидел да го убеди Лапорта да остане.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не зборувам многу, но кога ќе кажам нешто тоа е од срце. Плачев на состанокот со претседателот. Тоа за мене беше важен разговор и претседателот забележа колку сакам да помогнам. Само тоа сакав да му го кажам. Ми кажа дека морам да се трудам за да се изборам за минутажа кај Куман. Од првиот ден покажав дека сум голем работник, дека го сакам овој клуб. На крајот работите се променија, се чувствувам осамено“.
„Не верувам дека некој од клубот му кажал на Куман да не ме користи. Мислам дека тој самостојно носи одлуки. Можеби некој нешто ќе му каже, но на крајот сепак тој одлучува“, смета Умтити.
Сезонава Умтити кој е светски шампион со Франција од 2018 година не одигра ниту една минута. Барселона сакаше барем да го испрати на позајмица, а тој тврдеше дека сака да чека шанса од Куман и да се бори за место.