Централниот дефанзивец на Барселона, Самуел Умтити не сака да го напушти „Камп Ноу“ и покрај желбата на раководството да го продаде.
Францускиот дефанзивец има договор со Барселона до 2023 година и инсистира на тоа да го одработи до крај. Од „Камп Ноу“ имаат намера да се разделат со Умтити, кој последните години често е надвор од тимот поради повреди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој многу често е измачуван од болка во коленото, што предизвика долги периоди на закрепнување. Светскиот шампион со Франција упорно одбива да биде подложен на операција, па му се предвидува нова долга пауза.
Каталонскиот клуб ќе се обиде да изврши притисок врз нивниот играч и да му објасни дека не е во плановите за новата сезона.