Дома Фудбал Ултрасите на Севиља поради Винисиус ќе го бојкотираат натпреварот против Реал

Ултрасите на Севиља поради Винисиус ќе го бојкотираат натпреварот против Реал

Севиља и Реал Мадрид ќе играат на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“ во сабота во претпоследното коло од шпанското првенствп.

За двата тима ова е важен натпревар, Реал Мадрид сака да го задржи второто место, додека Севиља се бори да стигне до местата кои водат во европските натпреварувања.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Но, изгледа дека во овој натпревар Севиља нема да ја има целосната поддршка од трибините. Според шпанските медиуми, најверните навивачи одлучиле да го бојкотираат овој натпревар поради преседанот кој се случи изминатата недела.

Имено, на напаѓачот на Реал Мадрид му беше поништен црвениот картон кој го доби против Севиља.

Винисиус во текот на ццелиот натпревар добиваше навреди од трибините , а ескалираше во последните моменти кога Бразилецот го удри противникот и доби црвен картон. По тој негов потег ВАР реагираше и го повика судијата да ја погледне снимката.

Главниот судија ја поправи првичната одлука и го исклучи Винисиус, сепак на снимката го немаше моментот кој претходеше на ударот на Винисиус кога противникот го фати за врат и поради тоа тој црвен картон беше поништен.

Навивачите на Севиља сметаат дека немало доволно докази да се поништи тој црвен картон и затоа нема да дојдат на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…