Дома Фудбал Ултиматум за Сетиен – трофеј или отказ

Ултиматум за Сетиен – трофеј или отказ

Тренерот на Барселона, Кике Сетиен се наоѓа под голем притисок после лошите резултати во последно време.

Каталонските медиуми пренесуваат дека раководството на Барселона му поставило ултиматум на тренерот – ако не освои ниту еден трофеј сезонава, ќе добие отказ.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Барселона се уште е во трката по трофеите во Примера и Лигата на шампиони.

Меѓутоа, во последните три кола Каталонците одиграа два пати реми, па му го отстапија врвот на Реал Мадрид.

И доколку не ја освои титулата во Примера, Сетиен нема да биде сменет веднаш, туку раководството ќе му даде шанса да ја доигра сезоната во Лигата на шампиони во август.

Барселона се уште треба да се пласира во четвртфиналето, бидејќи им претстои реванш со Наполи на Камп Ноу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алегри го објави датумот кога Модриќ ќе пристигне во Милан

Масимилијано Алегри, кој повторно се најде на тренерското столче на Милан, потврди дека Лу…