Претседателот на тенискиот сојуз на Украина Севе Кавелиќ бара на Медведев да му се забрани учество на најважните турнири.
Се повеќе на удар на јавноста се руските спортисти, а сега дојде ред и на тенисерите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сметаме дека на Медведев треба да му се забрани настап на претсојните три грен-слема како што се Ролан Гарос, Вимблдон и УС Опен. Свесни сме дека тој нема голема поврзаност со тоа што се случува, но на тој начин би покажале дека се што на некаков начин е поврзано со Русија треба да биде забрането“, изјави Кавелиќ.
Ќе потсетиме, Медведев овој понеделник се искачи на врвот на АТП листата и со тоа беше прекината доминацијата на Новак Ѓоковиќ.