Дома Фудбал Останато Украинската јавност удри по Украинецот кој остана во Зенит: Тој е гнида!

Украинската јавност удри по Украинецот кој остана во Зенит: Тој е гнида!

Поранешниот капитен на Украина, Антолиј Тимошчук и понатаму е на удар на сонародниците затоа што се уште се наоѓа во Зенит на местото помошен тренер. Во екот на инвазијата која Русија ја врши во Украина му се упатуваат големи критики.

Претходно го повика и неговиот некогашен соиграч од репрезентацијата, Јевгениј Левченко.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Тимо, зошто го правиш ова? Ти си од Украина. Како можеш да продолжиш да работиш таму? Игравме заедно за иста репрезентација, го носевме тој дрес со гордост, ја пеевме химната, славевме, тагувавме…Зошто не се огласуваш? Како ќе живееше со тоа?“, гласеше пораката од Левченко.

На овие критики се придружи актуелниот играч на Аталанта Руслан Малиновски.

„Не знам што е со Тимошчук, треба него да го прашате. Тешко е да се коментира, но чудно е. Мислам дека не е исправно. Сигурно дека после ова тој не е и нема да биде легенда на украинскиот фудбал. Неговите достигнувања ќе бидат заборавени“.

На низата вакви изјави се придружи и претседателот на украинскиот прволигаш Рух, Григориј Козловски.

„Како што би кажал Шевченко, пријателската гнида е полоша од непријателот. Тој е украинска гнида. Со такви гниди непријатели не ви се потребни“, порача Козловски.

Тимошчук до сега не се огласил во јавноста да го каже својот став.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Изненадување: Аморим во Манчестер јунајтед носи засилување какво што никој не очекуваше

Најреномираните британски медиуми потврдија дека Манчестер Јунајтед е во завршни преговори…