Стефан Даскалов за Спортски од Букурешт
Македонија во четврток ја очекува натпреварот против Украина, а за овој дуел Украинците денес добија лоши вести. Еден од стандардните репрезентативци, Зубуков заработи повреда во дуелот со Холандија после 13 минути. Сега украинскиот новинар и коментатор, Игор Циганик објави дека Зубоков сигурно нема да биде во комбинација за дуелот со Македонија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Станува збор за непријатна повреда на мускулот и за комплетно да закрепне потребни се три недели. Тоа е период во кој не смее да трча, а тоа значи дека сигурно нема да игра против Македонија“, соопшти Циганик.
Натпреварот помеѓу Македонија и Украина се игра во четврток во 15:00 часот.