Вчера беше одржана последната во низата видео-конференции на УЕФА, а на која учествувале представници на сите 55 национални сојузи.
И вчера на дело биле размена на идеи и искуства, без конкретни заклучоци и датуми за можно продолжување на шампионатите, кои се прекинати поради коронавирусот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Веќе утре ќе се одржи нов состанок, овој пат состанок на Извршниот одбор на УЕФА.
Според она што претходните денови можеше да се прочита во различни европски медиуму, на овој состанок пред се ќе се решава судбината на натпреварувањата на УЕФА.
Француски RMC Sport денеска пишува дека УЕФА после утрешниот состанок може да соопшти дека Лига на шампиони ќе продолжи без ВАР. Ваквата одлука ако биде донесена со сигурност ќе се однесува и на Лига Европа.
Причината за суспендирањето на ВАР и тоа во одлучувачката фаза на ЛШ и ЛЕ е неможноста судиите во ВАР собата да ги почитуваат мерките за социјална дистанца која е една од главните мерки на безбедносниот протокол за евентуално продолжување на натпреварувањето.
Сепак, се уште во УЕФА имаат надеж дека ВАР ќе биде присутен во завршницата на ЛШ. Еден од предлозите за кои пишува RMC Sport е поставување на прегради помеѓу судиите во ВАР собата.