Дома Фудбал Германија Баерн објави колку пари ќе загуби од пандемијата со коронавирусот

Баерн објави колку пари ќе загуби од пандемијата со коронавирусот

Германскиот фудбалски великан Баерн Минхен го очекува загуба од 150 милиони евра поради пандемијата со коронавирусот, објавија од клубот.

Претседателот на клубот рече дека тие загуби главно се последица од празните трибини на Алијанц Арената повеќе од една година.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Новиот извршен директор на клубот Оливер Кан истакна дека „сигурноста сепак ќе биде на прво место“.

„Десетата титула по ред во Бундеслигата за нас е голема цел. Тоа никогаш претходно не е направено во најсилните европски лиги, но нема да биде целосно исполнета целта без успешен европски настап.“ – додаде Кан.

Тимот од следната сезона ќе го предводи Нагелсман, а Кан додаде дека клубот преговара за продолжување на договорите со Горецка и Коман.

Новата сезона во Бундеслигата започнува на 13. август, а Баварците се надеваат дека мерките и протоколите ќе дозволат ограничен број на навивачи на стадионот кој има капацитет од 75.000 места.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Чаби Алонсо донесе одлука: Еве кој клуб ќе го предводи во следната сезона

ЧАБИ АЛОНСО и следната сезона ќе остане тренер на Баер Леверкузен, објави Фабрицио Романо,…