УЕФА во претходниот период констатно потенцираше дека најдобро е сезоната да се доигра, но изгледа дека тие го сменија ставот и попуштија.
Претседателот на УЕФА дури и испрати еден вид на закана дека оние земји кои ќе ги прекинат првенствата нема да имаат претставници во Европа, меѓутоа сега УЕФА попушти. УЕФА преку официјално соопштение испрати порака да се стави крај на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Испраќаме порака до домашните првенства и куповите да се приведат кон крај, иако е разбирливо дека ќе има посебни случаи. УЕФА имајќи го ова во предвид спрема препораки за земјите кои нема да можат да го доиграат првенството или купот“.
Ова значи дека веројатно нема да има рестрикции и казни за оние кои ќе ги прекинат првенствата, тука се мисли на Холандија каде што вчера беше објавено дека нема да има фудбал до 1. септември. И немаше смисла УЕФА да казнува клубови за нешто што е „виша сила“, па затоа и се предадоа.