Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО УЕФА потврди: Отворена е истрага против Демирал!

УЕФА потврди: Отворена е истрага против Демирал!

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) потврди дека е отворена постапка против турскиот херој од вчерашното осминафинале против Австрија.

Meрих Демирал имаше вечер за паметење во која ја одведе Турција во четвртфиналето на Европското првенство, меѓутоа по овој дуел би можел да се соочи и со одредени проблеми.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Демирал прослави со контроверзен симбол кој промовира десничарска екстремистичка идеологија која верува во супериорност на „турската раса“ и тежнее да ги обедени сите турски народи во една држава кој според нив се протега од Балканот предку централна Азија се до Кина.

УЕФА не дозволува вмешување на политика на било кој начин на натпреварите, па сега се очекува да се види каква ќе биде казната за дефанзивецот. Евентуална негова суспензија сигурно би била тежок удар за Турција во четвртфиналето против Холандија кое се игра во сабота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…