Дома Фудбал Останато УЕФА одложи натпревар од Лига Европа поради коронавирус

УЕФА одложи натпревар од Лига Европа поради коронавирус

Натпреварот помеѓу Виљареал и Карабах во рамките од 6. коло во Лигата на Европа кој требаше да се игра во четврток е одложен поради појава на коронавирус кај гостите.

УЕФА потврди дека мечот е одложен на неодредено време поради бројни регистрирани случаи на Ковид-19 во таборот на Карабах.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Во овој момент не е познато кога овој натпревар ќе се одигра, а медиумите пишуваат и дека постои опција Виљареал да го добие службено. Треба да се спомене и дека дуелот не решава ништо за пласманот во следната фаза. Шпанскиот тим има 13 бода и загарантирано прво место, а Карабах е последен со еден освоен бод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона најде замена за славниот Полјак, вистинска машина за голови!

Иако Роберт Левандовски сака да остане барем уште една сезона, раководството на Барселона …