Дома Видео УЕФА објасни зошто Ливерпул ја доби луксузната соблекувална иако Тотенхем е “домаќин“

УЕФА објасни зошто Ливерпул ја доби луксузната соблекувална иако Тотенхем е “домаќин“

Големото финале во ЛШ се игра на 1. јуни во Мадрид на стадионот Ванда Метрополитано помеѓу Тотенхем и Ливерпул.

Иако до натпреварот има уште неколку недели веќе започнаа провокациите од двата табора. Сепак, ситуацијата ја подгреа самата УЕФА која објави дека играчите на Ливерпул ќе бидат сместени во домашната соблекувална, а Тотенхем во гостинската.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Домашната соблекувална која инаку му припаѓа на Атлетико Мадрид е далеку полуксузна од гостинската што го навлече бесот кај Спарси. За нив не е јасно како е можно Црвените да ја добијат оваа соблекувална, а Тотенхем ја има улогата на домаќин.

Поради оваа одлука настана вистински хаос на социјалните мрежи меѓу навивачите на Тотенхем кои побараа објаснување од УЕФА. Иако не е обичај УЕФА на некој да се правда на крајот ја објаснија својата одлука.

Организаторите на ова финале разговарале со полицијата и сите кои се вклучени во организавција на натпреварот и поради безбедносни причини ја донеле оваа одлука.

Имено, влезот во соблекувалната на домашниот тим се наоѓа на трибината на која ќе бидат навивачите на Ливерпул, а гостинската соблекувална таму каде ќе бидат навивачите на Тотенхем. Поради безбедносни причини е донесена одлука да се променат тимовите во соблекувалните, па така домашната и луксузна соблекувална ќе му припадне на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…