Многумина вчера ги загрижи веста со која Светската здравствена организација од УЕФА побарала да го одложи фудбалот до крајот на 2021. година.
Бројни светски медиуми објавија вест која е загрижувачка, а започна од еден бразилски магазин кој извести дека СЗО на видео-конференција со УЕФА и клубовите соопштиле дека сите фудбалски активности мора да бидат откажани до крајот на 2021. година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова се темели на тврдењето од двајца епидемиолози дека во Европа на есен се очекува ново жариште на коронавирус, но УЕФАсепак брзо ги смири страстите, демантирајќи ги таквите натписи.
„Тоа не е вистина. СЗО никогаш не сугерирал фудбалот да биде одложен до крајот на 2021. година.“ – порачаа од УЕФА.
Предвидено е извршниот одбор на УЕФА да се состане во четврток, а во вторник беше одржана видео-конференција со представници на сите 55 членови.
Одлучено е да се заврши сезоната, додека останува УЕФА да одлучи што и како со оние кои нема да бидат во можност да го завршат натпреварувањето, како на пример во Холандија, каде забраната за фудбал е до 1. септември.