Европската фудбалска унија (УЕФА) му нареди на Андерлехт поради превисоките цена на влезниците да врати 30 евра по карта на навивачите на Баерн за натпреварот од Лигата на шампионите кој беше одигран во ноември во Брисел.
Телото на УЕФА за контрола, дисциплина и етика смета дека цената од 100 евра по карта била превисока за натпреварите од групната фаза во Лигата на шампионите и дека клубот од Брисел е должен дел од парите да им врати на гостинските навивачи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
УЕФА претходно во декември го казни Баерн со 20.000 евра поради протестите на нивните навивачи по повод превисоките цени на влезниците.
На Андерлехт му е дадено рок од 15 дена за извршување на оваа одлука.