Eвропската фудбалска унија (УЕФА) денес ги повика заинтересираните сојузи до март да испратат кандидатура за домаќинство на Европското првенство 2028 година.
УЕФА ја разгледува можноста Европското првенство во 2028 место со 24 екипи да се одржи со 32.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Додека не се потврдат правилата за турнирот, информацијата за датумите, бројот на екипите кои учествуваат и бројот на натпревари, се привремени“, се наведува во сооптението.
УЕФА ќе прифаќа поединички и заеднички кандидатури, но само две змји ќе можат да добијат автоматски пласман. Во случај да биде избрана заедничка кандидатура на повеќе од две земји не може да се гарантира автоматски пласман на сите домаќини. Затоа ќе се носи одлука подоцна.
УЕФА наведе дека планира да го избере домаќинството до септември 2023 година, помалку од пет години до почетокот на турнирот кој е закажан за јуни 2028 година.