Европската куќа на фудбалот објави важна промена пред престојното финале во Лигата на шампиони помеѓу Ливерпул и Тотенхем.
Имено, промената ќе им овозможи на финалистите во ЛШ, Тотенхем и Ливерпул да располагаат со група од 23 играчи во финалето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Натпреварот помеѓу двата англиски тима е на 1 јуни на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.
Тоа значи дека Јирген Клоп и Маурисио Почетино ќе можат да запишат по 12 резервни играчи, наместо досегашните 7, кои ја дополнуваа групата.
Истото правило ќе важи и за финалето на Лигата на Европа, каде еден против друг излегуваат тимовите на Челзи и Арсенал.
Финалистите во двата турнири исто така ќе можат да прават дополнителна четврта измена, под услов натпреварот да влезе во продолженија.
https://youtu.be/capMQ-NQakk