Сепак казната за клуб каков што е Манчестер Јунајтед не е преголема.
Како што пренесува „Скај Спорт“ фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед е казнет од страна на УЕФА поради доцнењето на натпреварот против Валенсија во Лигата на шампионите која беше одиграна на „Олд Трафорд“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на „Црвените ѓаволи“ доцнеа неколку минути, а како официјална причина од клубот беше наведен метежот во собраќајот.
Казната мора да се признае дека е симболична за гигант каков што е Јунајтед. Раководството на клубот ќе мора да плати 13.2 илјади фунти (околу 15 илјади евра).
Јасно оваа казна повеќе е предупредување за клубот од „Олд Трафорд“ за вакво нешто да не се повтори во иднина.
После две одиграни кола во елитното натпреварување Манчестер второпласиран во групата Х со четири освоени бодови, два помалку од лидерот Јувентус, Валенсија е трета со еден освоен бод, додека Јанг Бојс е без бодови.
Следните два натпревари „црвените ѓаволи“ ќе ги одиграат против Јувентус на „Олд Трафорд“, првиот веќе во вторник во 21:00 часот.