Eвропската фудбалска федерација ги откажа сите натпревари кои требаа да се играат наредната недела.
За наредниот четврток беа планирани реванш натпреварите во Лигата на шампионите, меѓутоа тие нема да бидат одиграни. Кога ќе се одиграат не е познато, судејќи според ситуацијата не пред април.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Натпреварите кои требаа да се играат се: Манчестер – Реал Мадрид, Барселона – Наполи, Јувентус – Лион и Баерн – Челзи.
Секако, нема да се играат и натпреварите во младинската Лига на шампиони, како ниту било кој друг натпревар кој е во организација на УЕФА.