Младата фудбалска репразентација на Македонија одигра одличен натпревар на гостувањето во Казахстан и запиша победа од 4-1.
Со овие три бода младинците се зацврстија на 2-та позиција пред следниот решавачки дуел со Израел во Скопје.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Отпорот на домаќинот беше скршен во 38-та со извонреден гол на Чурлинов, а само неколку минути подоцна Атанасов зголеми на 2:0.
На почетокот на вториот дел Чурлинов зголеми на 3:0, но следуваше брза реакција на домаќинот кој намали на 3:1. Митровски ги постави конечните 4:1 за убедлива победа на Македонија.
Фото: ФФМ