Дома Македонски спорт Мак ракомет УБАВИТЕ ВРЕМИЊА НА МЕТАЛУРГ: Кога моќната Барселона беше немоќна пред четата на Лино – цел натпревар!

УБАВИТЕ ВРЕМИЊА НА МЕТАЛУРГ: Кога моќната Барселона беше немоќна пред четата на Лино – цел натпревар!

Денес ќе ве потсетиме на уште еден епски момент од македонскиот спорт – денот кога големата и моќна Барселона предводена од Чави Пасквал падна во Борис Трајковски пред Металург.

Тој натпревар се одигра на 23 февруари 2014 година. Беше тоа натпревар без големо резултатско значење затоа што Барселона беше сигурно прва, а Металург го имаше обезбедено своето место во осминафиналето.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сепак, кога се игра против големата Барселона мотив секогаш има и тоа го докажаа ракометарите на тимот од Автокоманда.

Металург во тоа време ги имаше: Дарко Станиќ, Никола Митревски, Вугрнец, Атман, Гоце Георгиевски, Ванчо Димовски, Манасков, Јоновски, Велко Марковски, Гоце Ојлески, Дејан Пецаковски, Лука Циндриќ, Mиркуловски…Наумче Мојсовски беше повреден за овој натпревар. Треба да се спомене дека Циндриќ тогаш имаше само 20 години.

Кире Лазаров дојде како противник, меѓутоа и покрај тоа македонската публика го поздрави со овации затоа што тоа секако го заслужува.

Во овие денови кога најдобро е да се седи дома ви предложуваме да уживате во овие убави времиња на Металург…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…