Последните два натпревари од групната фаза во Лигата на Нации во кои ќе играме против Грузија и Бугарија ќе ги гледаме во директен пренос на МТВ.
Уредникот на спортската редакција на МТВ, Драган Николовски потврди дека националниот сервис ги обезбедил правата за емитување на овие два последни натпревари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претходно сите натпревари се следеа на Арена Спорт каде што домашните средби ги слушавме со македонски коментатор, меѓутоа тоа е канал кој не е достапен за целата популација на Македонија.
Против Грузија ќе играме утре во Тбилиси од 18:00 часот, додека натпреварот против Бугарија е закажан за во понеделник во Скопје од 20:45 часот. Македонија во овој момент е на втората позиција во групата со седум бодови, Грузија е лидер со 10, Бугарија зад нас има три и Гибралтар е последен со еден освоен бод.