ФК Вардар денес ги започнува подготовките за новата сезона во која ако се среди документацијата за лиценца ќе игра во Првата лига.
Сега пристигнува една убава вест, првиот тренинг Вардар ќе го одработи на Арената „Тодор Проески“ која е дом на најтрофејниот македонски клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Фудбалскиот клуб Вардар се враќа на Градски Стадион !
Ве известуваме и ве каниме денес во 18:00ч на првата прозивка и тренинг на нашиот Вардар, на Градски Стадион (Северо-источен службен влез).
По долго време се враќаме во нашиот дом, и повторно како некогаш го враќаме сјајот на најголемиот и најсаканиот Македонски Фудбалски Бренд.
Вардар е Клуб на Народот, така било, така ќе биде секогаш, но овојпат тоа ќе биде и формално. Отворен клуб кој ќе функционира транспарентно, и ќе биде достапен за сите свои навивачи, јавноста и се разбира народот…
Повелете, Клубот на Народот ве очекува“, објавија од Вардар.