Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел платини е уапсен во рамки на истрагата за доделување домаќинство за Мундијалот во 2022 година.
Француската легенда, кој беше избран на чело на УЕФА во 2007 година, а на функцијата остана до 2015 година, денес беше уапсен во рамките на истрагата околу доделувањето на организацијата на СП 2022.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Платини е приведен на испрашување во просториите на судската полиција која ги презеде ингеренциите од француската полиција во истрагата за мито во изборот на Катар за домаќин на СП 2022 година. Се шпекулира дека Катар платил околу 400 милиони евра мито за да ја добие организацијата на мундијалот во 2022 година.
Покрај него во оваа истрага приведен е уште и Клод Гин, советник на поранешниот претседател на Франција, Николас Саркози.
Во декември 2010 година, Катар на контроверзен начин ја доби организацијата на СП 2022, а четири години подоцна, Платини призна дека имал таен состанок со Мохамед Бин Хамам, претседателот на Азиската фудбалска федерација пред гласањето.
BREAKING: Former UEFA president Michel Platini has been arrested as part of an investigation into alleged corruption relating to the decision to award Qatar the 2022 World Cup
— Sky Sports News (@SkySportsNews) June 18, 2019