Tренерот на францускиот шампион ПСЖ, Томас Тухел ќе има на располагање „само“ 30 милиони евра за доведување на играч за врска во тимот.
Парижаните во јануари ќе се обидат да доведат централен играч за врска, а во плановите им се двајца фудбалери.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Прва мета е играчот на Вотфорд, Абдулај Дакур. Овој 25 годишен фудбалер игра одлично во Премиер лигата и така го привлече вниманието на шампионот на Франција која ќе се обиде да го доведе во своите редови.
Втор на листата е 19 годишниот млад репрезентативец на Франција и член на Борусија Менхенгладбах, Мајкл Куисанс.
Иако оваа сезона не добива премногу простор за игра во Бундес лигата, ПСЖ е спремен да му пружи шанса и на „Паркот на принцовите“.
https://youtu.be/TeeP70C9asw
https://www.youtube.com/watch?v=lX4-AWU219k