Според пишувањето на францускиот „Ле Паризиен“, ПСЖ е заинтересирана за доведување на бекот на Јувентус, Матие Де Шиљо.
Парижаните имаат големи проблеми да состават одбрана поради бројните повреди, па Тухел сериозно размислува за идејата да реагира уште во јануари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германецот даде зелено светло за Де Шиљо, Италијанецот кој пред две години пристигна од Милано не успеа да се вклопи во составот на Сари и постои можност да се пресели во Париз.
Јуве за својот бек плати 12 милиони евра, па се претпоставува дека „Светците“ би морале да одвојат повеќе од таа цифра.