Дома Фудбал Германија Тухел има нова опција: На Островот најавуваат негово сензационално враќање

Тухел има нова опција: На Островот најавуваат негово сензационално враќање

Toмас Тухел на крајот од сезоната го напушта Баерн Минхен, а од претходно медиумите на Островот шпекулираат дека негова цел е да се врати во Премиер лигата.

„Скај Спорт“ сега открива дека Тухел веќе размислува за својот нов ангажман. Германецот е мотивиран и спремен веднаш да продолжи со работа, приоритет му е Англија.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Наводно, Тухел не ја затворил вратата за Челзи и не би имал ништо против да се врати на „Стенфорд Бриџ“. Во претходниот мандат во Челзи тој ја освои Лигата на шампионите со победата против Манчестер Сити во финалето, но доби отказ само четири месеци подоцна.

Досега Челзи не успеа да пронајде адекватна замена. Откази добиваа: Грем Потер и Френк Лампард, а на таков пат е и Маурисио Покетино на кого не му оди.

Покрај Тухел како опции се споменуваат Рубен Аморим и Роберто Де Зерби. Од друга страна медиумите го поврзуваа германскиот стратег и со позицијата во Манчестер Јунајтед каде што сериозно се тресе столчето на Ерик Тен Хаг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Манчестер јунајтед ја донесе одлуката за Зиркзе!

Играчите на Манчестер Јунајтед се соочуваат со голем притисок, а еден од тие играчи кои се…