Белгискиот репрезентативен голман Тибо Куртоа ги постави условите за потпишување на нов договор и го шокираше клубот од „Стенфорд Бриџ“.
25-годишниот Куртоа побарал од раководството двојно поголема плата, односно 230.000 евра неделано како услов за потпишување на новиот договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Силен интерес за Куртоа покажуваат Реал Мадрид и Пари Сент Жермен, клубови кои се спремни да ги задоволат неговите финансиски барања.
Актуалниот договор на Куртоа со Челзи истекува во јуни 2019 година, а веќе подолго време се водат преговори за продолжување на истиот. Белгиецот неодамна одби да го коментира текот на преговорите и истакна дека за тоа се грижи неговиот агент.
Доколку до крајот на сезоната Челзи не успее да најде заеднички јазик за продлжување на соработката голема е веројатноста дека Куртоа ќе биде продаден бидејќи ќе влезе во последната година од договорот.