Дома Останати Тројца руски велосипедисти поднесоа тужба против Светската анти-допинг агенција

Тројца руски велосипедисти поднесоа тужба против Светската анти-допинг агенција

Тројца руски велосипедисти поднесоа тужби против Светската анти-допинг агенција (ВАДА) и Ричард Мекларен, човекот кој ја предводеше истрагата околу рускиот допинг.

Кирил Свешников, Дмитри Страков и Дмитри Соколов тврдат дека канадскиот судија неправедно ги навел нивните имиња во допинг шемата, дека истрагата била спроведена брзо и дека истата била компромитирана.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Велосипедистите тужбата ја поднеле пред Врховниот суд во Онтарио, Канада.

Руските велосипедисти навеле дека им било забрането учеството на Олимписките игри во Рио де Жанеиро бидејќи нивните имиња биле спомнати во извештајот на Мекларен и дека тоа им ги нарушило угледот и репутацијата.

Тројцата пред Игрите во Рио безуспешно се обидоа случајот да го изложат пред Судот за арбитража во спортот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Пол и Тајсон заработија суспензии по борбата!

Џејк Пол и Мајк Тајсон официјално беа суспендирани од боксот по нивната голема борба на Не…