Манчестер Сити троши огромни суми на засилувања, но полека станува и „машина“ за правење на пари.
За тоа сведочи и годината која е зад нас во која „граѓаните“ објавија неверојатна заработка од 534 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова е веќе трета сезона во низа во која Сити е во финансиски плус. Годишниот финансиски извештај всушност покажува дека приходот е помал за дваесетина милиони евра, но од клубот истакнаа дека тоа е така поради тоа што предвид е земен подолг временски период.
„Овој извештај е прикажан за нашите навивачи и партнери да можат да бидат сигурни за нашето добро работење“, изјави претседателот на клубот Калдон Ел Мобарак.
Како што е познато, тимот на Манчестер Сити во текот на летото инвестираше огромна сума во играчкиот кадар, а тоа се покажа како полн погодок со оглед на тоа дека тимот на Пеп Гвардиола во овој момент е лидер во Премиер лигата, но и во својата група во Лигата на шампионите.