Три европски гиганти ова лето ќе водат голема битка за потписот на ѕвездата на Ајакс, Дони ван де Бек, пренесуваат холандските медиуми.
Холанѓанецот веќе подолго време се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, но сега во трката за неговиот потпис се приклучија Манчестер Јунајтед и Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Уште минатото лето Ван де Бек се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид, а наводно преговорите се одложени за ова лето.
Фактот што „кралевите“ се уште немаат комплетен договор со Ајакс им дава можност на „црвените ѓаволи“ и на „бјанконерите“ да се вклучат во трката за неговиот потпис.
Реал се уште важи за фаворит за потписот на 23-годишниот играч за врска, но Јунајтед и Јувентус не попуштаат и работат на трансферот.
Donny van de Beek has emerged as a key target for Europe's top sides this summer with Ajax reportedly ready to listen to offers for the midfielder.(Mail) pic.twitter.com/Ap1Y5RXslK
— elDeporte (@Eldeporte_off) April 29, 2020