Дома Фудбал Останато Тренерот на Партизан со емотивна порака до Михајловиќ: Миха, се сеќаваш што ми кажа последниот пат?

Тренерот на Партизан со емотивна порака до Михајловиќ: Миха, се сеќаваш што ми кажа последниот пат?

Вчера фудбалскиот свет и регионов добија тажни вести, Синиша Михајловиќ боледува од леукемија.

Веднаш по објавата поддршка Михајловиќ доби од сите страни.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Една од најемотивните пораки беше онаа од тренерот на Партизан Саво Милошевиќ со кој Михајловиќ беше соиграч во репрезентацијата.

„Тешко ми е и не можам да зборувам за тоа. Јас сум многу близок пријател со Миха. Во овој момент само можам да му го кажам она што тој ми го кажа последниот пат кога се видовме: Во животот се можете да победите, се! Тие негови зборови во овој момент јас му ги враќам назад“, изјави Милошевиќ.

Ќе потсетиме, Михајловиќ и покрај тешката ситуација ќе остане тренер на Болоња.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Aлегри може да добие големо засилување: Милан тргнува по напаѓачот на Арсенал!

Напаѓачот на Арсенал, Габриел Жезус, е едно од имињата што се поврзуваат со потенцијално т…