Дома Фудбал Лига на шампиони Тренерот на Ајакс: Како го победив Реал?

Тренерот на Ајакс: Како го победив Реал?

Ерик тен Хаг синоќа во потполност го надмудри Сантијаго Солари и го однесе Ајакс до голем триумф на Бернабеу.

Тренерот на тимот од Амстердам е задоволен од величествената победа…

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Ова е историска победа која е важна за сите нас. Беше незамисливо дека ова ќе се случи, никој не веруваше во тоа.“ – изјави Тен Хаг и откри како го надмудрил Солари.

„Планот беше едноставен. Сакавме да создадеме контрола над топката и така да го спречиме Реал да ја постави својата игра. Одигравме добро во транзиција, а играта во дефанзива беше одлична. Апсолутно сите момци одиграа фантастично. Среќен сум за нашиот клуб, но и за холандскиот фудбал за ова што се случи.“

Ова е најголемата победа во неговата кариера и нема дилеми дека на овој триумф ќе се сеќава додека е жив.

„Едноставно, на ваквите моменти мора да се сеќавате и да уживате во нив. Имаме шанси да освоиме три трофеи, играме добра сезона, но наградите не доаѓаат до самиот крај.“ – истакна Тен Хаг и додаде:

„Сакаме да ги достигнеме сите наши цели. Мораме да ги поставиме целите уште повисоко и да продолжиме да напредуваме. Би сакал да ги задржиме сите наши играчи во клубот, но тоа е во доменот на фантазијата.“ – изјави тренерот на великанот од Амстердам.

Ајакс сега го чека ривалот за четвртфиналето во Лига на шампиони, а неговото име ќе го дознае за 10 дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…