Македонскиот напаѓач Бојан Миовски, заработи повреда во вчерашниот натпревар на Абердин против Сент Мирен.
Гостинскиот дефанзивец, Смол крвнички стартуваше над Миовски и беше јасно дека се работи за опасен старт. Македонскиот напаѓач остана да лежи на тревникот и на носилки беше изнесен од теренот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалерот на Сент Мирен заработи црвен картон по прегледувањето на ВАР снимките. Стратегот на Абердин, Бери Робсон по натпреварот изјави дека за среќа Миовски нбема скршеница, меѓутоа дополнителните прегледи треба да покажат колку е сериозна повреда.
„Првите резултати ги добивме и она што е јасно е дека нема скршеница, секако тоа е одлично. Но, повредата е во пределот на лигаментите и ќе мораме да почекаме уште некој ден. Јасно е дека Миовски викендов нема да може да ни помогне“, изјави Робсон.
Foul on Miovski… pic.twitter.com/Qp2PwyJ7mL
— j 🇦🇹 (@thesheep1903) May 24, 2023
Миовски потврди дека за него оваа сезона е завршена.
„За жал сезоната ја завршив предвреме поради повреда на скочниот зглоб. Добра вест е што нема скршеница, но дополнително ќе мораат да се прегледаат лимантите. Ви благодарам за поддршката, ќе се вратам посилен“, истакна Миовски.
За Македонија е важно дали Миовски ќе биде спремен за двата квалификациски натпревари во јуни на 16-ти против Украина на домашен терен и три дена подоцна со Англија на гости.