Дома Македонски спорт Тренерот на Абердин: Миовски може да биде лидер на репрезентацијата на Македонија

Тренерот на Абердин: Миовски може да биде лидер на репрезентацијата на Македонија

Tренерот на Абердин, Џим Гудвин зборуваше за македонскиот фудбалер, Бојан Миовски кој одлично започна во шкотскиот шампионат и постигна два гола на дебито во Премиер лигата.

Гудвин верува дека Македонецот чекори по вистински пат да стане ѕвезда во шкотското првенство.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Не сум опредил некоја бројка за голови, сакам да продолжи да игра со истиот начин со кој играше до сега и да влегува во вистинските зони колку што може повеќе. Имаше многу шанси на првиот натпревар и искористи две. Верувам дека ако ги користи 50% од шансите ќе постигнува многу голови. Се надевам тој ќе биде следната „деветка“ на Македонија“.

„Миовски сака да биде лидер и на националниот тим, а не само дел од него, истото важи и за тука во Абердин. Вложивме солидна сума во Бојан и верувам дека луѓето гледаат зошто го направивме тоа“, изјави Гудвин.

За потписот на Миовски Абердин плати 500.000 фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…