Владата денес донесе одлука за парична награда од 20.000 евра за македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски кој освои сребро на ОИ во Токио.
Предвидена беше и награда од 10.000 евра за неговите тренери, но тие се откажаа и порачаа дека целата премија ја заслужува Георгиевски.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Владата доделила 20 000 евра за македонската спортска икона Дејан Георгиевски и 10 000 евра за тренерите.
Мојот брат д-р Борче Костовски и јас како тренери на олимпискиот сребрен медалист Дејан Георгиевски, апсолутно се откажуваме од премијата што е доделена за нас, секако таа целосно треба да биде насочена кон олимпискиот вицешампион, новата македонска гордост !
За нас како тренери во овие моменти доволен е олимпискиот историски сребрен медал (СО ЗЛАТЕН ОТСЈАЈ)“, објави тренерот Дарко Костовски на социјалните мрежи.
Освен наградата од Владата, Георгиевски има и награда од 10.000 евра од АМС.