Дома Ставови Тренери кои добиваат на квиз шампионски тимови и МТВ која ја уништува Лигата на шампиони

Тренери кои добиваат на квиз шампионски тимови и МТВ која ја уништува Лигата на шампиони

Зошто Македонската радио телевизија ја убива смислата и дражот на Лигата на шампиони и како некои тренери на квиз добиваат шанса да водат големи клубови! Мислите дека Мојс и МТВ немаат допирни точки, имаат и тоа како!

Влегуваме во месеците кога најважната споредна работа на светот ја доживува својата кулминација, кога најдобрите (читај најбогатите) влегуваат во финална борба за трофејот од Лигата на шампиони.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Таму ретко се наоѓаат залутани тимови, секој си го добива она што заслужува, но има залутани фигури кои не се дораснати за ваква А продукција која се бори за Оскар, за нив овие рефлектори се пресилни и ги заслепуваат.

Исто како што има залутани „експерти“ во МТВ, каде ние љубителите на фудбалот можеме да видимесамо еден од четирите најквалитетни натпревари на Стариот континент (толку за ’само’ 190 денари месечно).

И тој едниот кој со душа го чекаме почнува со ’предигра’ во студио каде завесите се истите оние кои што беа на истото тоа место и за Светското првенство „Италија 90“, гости (експерти) како Ѓоко Хаџиески кои не знаат зошто се дојдени, ниту пак знаат да направат издражана анализа на дуелот.

Тој истиот Хаџиевски на полувремето запрашан да каже како го видел натпреварот изјави:

„Мислам дека пеналот за Челзи беше пенал, а за ПСЖ немаше пенал. Очекувам во второто полувреме Мурињо да ги стави во игра Лампард и Матиќ“.

Ти благодариме господине Хаџиевски за исцпната анализа, ама ти како спортски директор на најголемиот и најтрофеен клуб во државата треба барем да знаеш дека Матиќ нема право на настап во Лигата на шампиони (претходно настапи за Бенфика) и барем да го кажеш она што секој обичен „лаик“ може да го види.

А тоа е дека Лоран Блан, кој најверојатно на квиз добил шанса да тренира вакви шампиони, во првото полувреме беше комплетно надигран од Мурињо, кој со линијата Хазард – Оскар – Вилијам комплетно ја пресече врската помеѓу средниот ред на ПСЖ и тројцата напаѓачи.

ПСЖ во првото полувреме беше изгубен, (постигна гол на поклон) не видовме ниту еден вертикален пас према напред, напаѓачите беа комплетно отсечени, Ибрахимовиќ мораше да се враќа на своја половина за да започне акција, а сето тоа беше заслуга не само на Мурињо, туку и на оној другиот кој со лажичка во уста се шета покрај аут линијата.

Ете тој и оној „Избраниот“ од „Олд Трафод“ се постер за фудбалската декаденција во која што живееме. Луѓе кои ги имаат насјкапите тенори на светот, но наместо да ја постават „Лебедово езеро“, нивниот режисерски домет е „Касандра“.

Но, понекогаш судбината е најдобриот режисер, како синоќа, па „човекот со лажичката“ мораше да го извади Ибра поради повреда и да го стави Лукас. Не дека е подобро да го немаш Ибра на теренот, туку ставаш човек кој знае да го поврзи работите. Со влекувањето на Лукас и Кабај видовме како еден друг ПСЖ во кои сите три линии на теренот беа поврзани и господареше на теренот.

Поради тоа Мурињо падна синоќа на „Паркот на принцовите“. Не затоа што е лош режисер, напротив, затоа што нема доволно актери за ваква скапа опера.

Која е поврзаноста помеѓу Лоран Блан и МТВ?

И двајцата добиле на поклон нешто што треба да се заслужи…

ПС: Врзете се луѓе, за кратко време почнува Светското првенство, а нас повторно ќе не возат „експерти“ како Ѓоко Хаџиевски (ништо лично), кои никогаш нема да го кажат она за што се викнати….а ние ако не ги платиме треба да се спремиме за на извршител!

Пишува: Петар Кузманоски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ставови

Проверете

Како да изберете добри онлајн обложувалници во Македонија?

Обложувањето има повеќедецениска историја во Македонија, но благодарение на интернетот, ов…