Виктор Треневски кој го тренираше Елиф Елмас во Работнички за наполитанските медиуми зборуваше за македонскиот фудбалер.
На последните два натпревар Елмас постигна го, а посебно воодушеви со последниот против Парма кога изрежира ден одличен соло продор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наполитанските медиуми по тој гол на Елмас разговараа со Виктор Треневкси.
„Елмас ќе биде еден од најдобрите во историјата на македонскиот фудбал, рамо до рамо со Дарко Панчев и Горан Пандев. Тоа го зборувам од пред пет години. Тој е причината што прифатив да бидам тренер на Работнички. Не знам како е во Наполи, но во Работнички секогаш го даваше најдобро од себе на тренинзите. Правеше се што ќе му кажете, ако треба ќе направеше и пет тренинзи во еден ден. Станува збор за едно посветено момче, кој е едуциран и поврзан со својата фамилија“.
„Можеби треба да се подобри во завршницата од акциите, но има одлична техника и е разновиден. Многу зависи од тоа на која позиција игра, а може да игра повеќе. Елмас ме потсетува на Савичевиќ, Хамшик и Сон. Секогаш верував во него и очекувам уште многу, верувајте ми ќе експлодира на Европското првенство“.
„Со голот против Парма ме потсети на Пандев. Тренерот и соиграчите треба да веруваат во Елмас, не сум зборувал со него затоа што не сум му потребен, понекогаш разговарам со неговиот татко“, изјави Треневски.