Македонските репрезентативци, кои синоќа ја израдуваа нацијата со победа над европскиот шампион Италија пристигнаа во Македонија.
Херојт на репрезентацијата, Александар Трајковски со себе ја донесе и топката со која го постигна голот за историска победа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Среќен сум што со победата се израдува цела Македонија, а потоа за фактот дека јас го постигнав тој победнички гол, на стадионот на кој минав четири прекрасни години. Сега уживаме, а по наредната средба ќе видиме. Ние ќе го дадеме максимумот со Португалија. Сега можам да уживам во овој момент, немаме многу време бидејќи пред нас е нов натпревар. Искрено, имав тројца играчи пред мене, во прв момент мислев дека топката нема да оди кон голот, бев пресреќен кога видов дека завршува во мрежата. Потоа и судијата нештогледаше на ВАР, но јас знаев дека тој гол е регуларен. Би сакал и Португалија да нѐ потцени како Италијанците. Сега сите видоа дека сме репрезентација која може да игра со сите селекции“, изјави Трајковски.