Барселона денес го промовираше Адама Траоре кој се враќа во Каталонија од редовите на Вулверхемптон.
Траоре е дете на „Ла Масиија“ и во клубот доаѓа на барање на Чави Ернандез. Очекувањата се Траоре да биде еден од носителите на играта на „новата Барселона“. Фудбалерот се реши да ја носи „11-ката“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Среќен сум што после седум години се врати во Барселона. Ќе направам се за навивачите да бидат среќни. Многу работи се променија од кога заминав, напредував и на физички план. Најважно сепак е што собрав искуство. Премиер лигата не е иста како Ла Лига, таму повеќе акцент се става на физичката подготвеност. Знам што Чави и Барса бараат од мене и затоа сум тука“, изјави Траоре.
Our new number 1️⃣1️⃣ pic.twitter.com/ddjRqRbOOC
— FC Barcelona (@FCBarcelona) February 2, 2022