Како што стојат работите, Рома и Галатасарај се во финални преговори за Николо Заниоло и турскиот гигант веќе ги договорил личните услови.
Заниоло одби да го продолжи договорот со Рома, а потоа не сакаше да ја прифати понудата од премиерлигашот Бормут, сепак кажал „да“ на онаа од Галатасарај.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сега Италијанецот нема премногу опции затоа што трансфер пазарот во најсилните првенства е затворен, додека во Турсија се уште е отворен.
Ако остане во Рома нема да игра до крајот на сезоната, па затоа и Галатасарај сега е прифатлива опција. Двата клуба се во финални преговори и станува збор за сума од околу 22 милиони евра, меѓутоа се преговара и за бонусите.
Личните услови фудбалерот веќе ги договорил, а клубот закажал и медицински прегледи, па се чека залено светло од Рома и тоа наскоро би требало да го има. Најавите се дека платата на Заниоло ќе изнесува 3.5 милиони евра годишно.