Дома Топ вести Трансферот на Азар е прашање на време, Челзи не може да направи ништо

Трансферот на Азар е прашање на време, Челзи не може да направи ништо

Еден Азар ќе го стави Челзи пред свршен чин. Англиските и шпански медиуми пренесуваат дека следното лето Белгиецот сигурно ќе го напушти „Стенфорд Бриџ“.

Обложувалниците веднаш реагираа и ги намалија коефициентите за негов трансфер во Реал Мадрид, а Челзи ќе биде немоќен да стори нешто.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Имено, Азар нема да го продолжи договорот кој му истекува во јуни 2020 година, па на лето ќе влезе во последната година од договорот. Тоа ќе ги примора „сините“ да го продадат или во спротивно на крајот на сезоната ќе замине без обештетување.

Реал Мадрид е спремен да испрати понуда од 120 милиони евра, па Челзи нема да им друг избор, освен да ја прифати.

Белгиецот е цврсто решен да се пресели во Реал Мадрид, што е негов сон уште од дете и јавно во неколку наврати го потврди тоа.

„Кралевите“ ќе се обидат да го донесат на „Сантиаго Бернабеу“ уште во јануари, но тоа сценарио е тешко остварливо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…