Дома Топ вести Трансфери во живо: Реал го сруши светскиот рекорд, Интер тргнува по Ламепа, Кансело во Јувентус

Трансфери во живо: Реал го сруши светскиот рекорд, Интер тргнува по Ламепа, Кансело во Јувентус

Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите случувања на трансфер пазарот.

-Веќе со месеци трае сагата околу трансферот на Иван Перишиќ во Манчестер Јунајтед. Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер нема намера да ја намали цената од 55 милиони евра, но „клуч“ може да биде Антони Марсијал за кого „нероаѕурите“ се силно заинтересирани.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


– Француската „БеИн Спорт“ пренесува дека Милан се вклучил во траката за ѕвездата на Лестер, Ријад Марез и дека е спремен да ја плати сумата од 40 милиони евра која бара англискиот клуб.

– Пари Сент Жермен не се откажува од Алексис Санчез иако Венгер изјави дека Чилеанецот останува. Медиумите пренесуваат дека утрово „светците“ испратиле понуда од 50 милиони евра на адреса на Арсенал.

– Јувентус е во потрага по замена за Леонардо Бонучи, а италијанските медиуми пренесуваат дека е заинтересиран за стоперот на Манчестер Сити, Мангала (ОВДЕ).

– Евентуалниот трансфер на Нејмар во ПСЖ сеуште е главна тема во сите спотски медиуми, а интересно е дека денес двата клуба закажаа пресконференција во исто време (ОВДЕ).

– Италијанските медиуми пренесуваат дека спортскиот директор на Рома, Мончи спрема понуда од 25 милиони евра за талентот на Барселона, Мунир (ОВДЕ)

– Бомба: Шпанските медиуми пренесуваат дека Флорентино Перез е спремен да го продаде Карим Бензема ова лето за да го донесе Килијан Мбапе (ОВДЕ).

– Еминентниот „Екип“ пренесува дека ПСЖ е сериозно заинтересиран за играчот за врска на Порто, Данило Переира. 25-годишниот португалски репрезентативец има откупна клаузула од 60 милиони евра, но „светците“ би можеле да го купат за 40 милиони евра.

– Јувентус е заинтересиран за десниот бек на Наполи, Хисај и веќе испратил понуда, но Наполитанците експресно ја одбиле.

– Официјално: Португалецот Диего Жота од Атлетико Мадрид се пресели во Вулверхемптон на едногодишна позајмица.

– Интер ги договара последните детали од трансферот на Матијас Весино од Фиорентина. „Нероаѕурите“ ќе ја активираат откупната клаузула на играчот која изнесува 24 милиони евра.

– Младата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Муса Дембеле е разочаран што Барселона не презеде конкретни чекори за негов ангажман, па сега сака да се одмази со трансфер во Реал Мадрид (ОВДЕ).

– БОМБА: „Марка“ потврди дека е срушен светскиот рекорд! Реал Мадрид го договори трансферот на Мбапе за 180 милиони евра (ОВДЕ)

– Монако негира дека е постигнат договор со Реал Мадрид за трансфер на Мбапе, но медиумите инсистираат и тврдат дека се договараат последните детали (ОВДЕ).

– Директорското дуо на Милан, Фасоне – Мирабели синоќа било на таен состанок во Лондон за преговори за ново заилување. Медиумите се уште не знаат за кој играч точно станува збор, но шпекулираат со три имиња (ОВДЕ).

– Монако сеуште ја нема завршено летната распродажба, а медиумите тврдат дека следен е Томас Лемар за кого Арсенал е силно заинтересиран и спремен да понуди 60 милиони евра.

– Официјално: Италијанскиот дефанзивец Федерико Барба го напушти Емполи и се пресели во Спортинг Хихон за 2 милиони евра.

– Официјално: Фиорентина се засили со играчот за врска на Астон Вила Жордан Верето. „Виолетовите“ за Французинот ќе платат 7 милиони евра.

– Интер покажува сериозен интерес за крилниот напаѓач на Тотенхем, Ерик Ламела. „Нероаѕурите“ се спремни да платат 15 милиони евра за Аргентинецот, додека „спарси“ не сакаат да го пуштат за помалку од 18 милиони евра.

– Милан тргнува по Хуан Квадрадо од Јувентус, кој е голема желба на тренерот Винченцо Монтела. „Старата дама“ за неговата слобода бара најмалку 30 милиони евра, додека „росонерите“ се спремни да платат 25 милиони со додатни бонуси.

– Лестер ја одби и последната понуда на Рома за Ријад Марез. „Волчицата“ понуди 35 милиони евра за Алжирецот, но Лестер нема да го пушти за сума помала од 50 милиони евра.

Жоао Кансело најверојатно ќе биде новото засилување на Јувентус. Двата клуба се во преговори, а десниот бек им се поверил на пријателите дека се сели во Торино. Трансферот треба да изнесува околу 25 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Британците тврдат: Халанд сака да замине – го известил и Манчестер Сити?!

Според информациите на британските медиумите Ерлинг Халанд најавил заминување од Манчестер…