Дома Трансфер зона Мончи спреми 25 милиони за поранешната надеж на Барса

Мончи спреми 25 милиони за поранешната надеж на Барса

Новиот спортски директор на Рома е спремен да му даде шанса на фудбалерот на кого му се предвидуваше блескава кариера.

Се сеќавате ли како Мунир играше во времето кога Суарез пристигна во Барса, но не можеше да настапува поради суспензијата.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Младиот напаѓач изгледаше дека би можел да биде нова ѕвзеда на каталонскиот гигант, но немаше никакви шанси да добива поголема минутажа покрај, Меси, Нејмар и Суарез, минатата сезона ја заврши како позајмен фудбалер во екипата на Валенсија каде што се вклопи во сивилото на тимот од „Местаља“.

Но, тој и понатаму одржува добра цена на трансфер пазарот. Барселона го разгледува неговиот статус, се појави Рома, Мончи нуди 25 милиони евра за момчето кое одлично би се вклопило во формацијата 4-3-3 на Еусебио Ди Франческо.

Новиот спортски директор би прифатил и Барса да вгради клазула во откупот на договорот доколку Мунир се пронајде себе, а нема сомневање дека Мароканецот кој минатата година постигна шест погодоци за Валенсија со задоволство би ја прифатил можноста да премине во Италија, бидејќи во Барса тешко е да се верува дека ќе добие поголема минутажа, дури и во случај Нејмар да замине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…