Дома Топ вести Сапуницата продолжува: Монако ја демантираше „Марка“

Сапуницата продолжува: Монако ја демантираше „Марка“

Сапуницата во врска со Килијан Мбапе од Монако во Реал Мадрид добива нова епизода.

Откатко утрово како бомба одекна веста дека е постигнат договор според кој младиот Французин станува најплатениот фудбалер на сите времиња, Монако одлучи да го демантира реномираниот шпански медиуми.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Монако и Реал Мадрид сепак не се договориле за трансфер, барем не сеуште, а што ќе се случува до крајот останува да се види. Во текстот од шпанскиот весник се пишуваше дека „кралевите“ ја победиле конкуренцијата и дека пресудила желбата на играчот да соработува со неговиот сонародник Зинедин Зидан.

Да потсетиме, „Марка“ објави дека Реал Мадрид ќе плати 180 милиони евра за Мбапе, 160 веднаш, а 20 преку бонуси.

И покрај негирањето на Монако, медиумите се сигурни дека е постигнат начелен договор и дека се дискутираат деталите околу бонусите.

Мбапе веќе ги договорил личните услови со Реал Мадрид и се очекува да потпише 6-годишен договор според кој ќе заработува 7 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Би биле фаворити за освојување: Тимот составен од играчи кои нема да играат на ЕП изгледа одлично!

Ерлинг Холанд и Мартин Одегард го предводат идеалниот тим составен од фудбалери од европск…