И понатаму се до затварањето на преодниот рок на едно место следете се што се случува на трансфер пазарот.
– Италијанските медиуми објавија дека Рома и Интер постигнале договор за Икарди, но Аргентинецот сака само во Јувентус.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
– Реал Мадрид го договорил Ван Де Бек за 55 милиони евра, меѓутоа тој трансфер нема да се реализира ова лето (за шест месеци или наредното лето).
– Аталанта го доведе Мартин Шкртел.
– Иван Перишиќ не отпатува со Интер за Шпанија на пријателскиот натпревар против Валенсија. За многумина ова е доказ дека трансферот во Баерн е договорен.
– Вчера пишуваше „Марка“, денес за трансферот на Нејмар пишува и каталонскиот „Спорт“. Реал Мадрид наводно испратил понуда од 200 милиони евра.
– Мурињо пронајде нов ангажман. Не се работи за потпис со некој клуб, Жозе ќе биде стручен коментатор во „Скај Спорт“ во текот на целата сезона во Премиер лигата, а ќе дебитира на натпреварот помеѓу неговите поранешни клубови, Челзи и Манчестер Јунајтед.
– Марк Ван Бомел го контактирал својот поранешен соиграч од Баерн, Франк Рибери и му понудил да дојде во холандски ПСВ.
– Радамел Фалкао самиот најави дека би можел да се пресели во Галатасарај: Би било интересно таму, Турците живеат за фудбал.
– Унаи Емери потврди дека Мустафи има дозвола да го напушти Арсенал: Разговарав со него пред две недели кога започнаа припремите и му кажав дека може да замине, сега тоа можам да го потврдам.
– „Тутоспорт“: Интер размислува за Савиќ, но мораат да мислат и на финансискиот фер-плеј, затоа Видал кој е многу поевтин е по веројатно опција.
– Oфицијализиран трансферот на Хуанфран во Сао Паоло.
– „Марка“ одново го поврзува Хамес Родригез со Атлетико Мадрид.
– Готово: Перишиќ е играч на Баерн!
– Рома до крајот на преодниот рок би можела да го доведе Ругани од Јувентус.
– Покрај Перишиќ и Жоао Марио не отпатува со Интер на пријателскиот натпревар против Валенсија. Интерес за него покажува Монако.
– ПСЖ повторно покажува интерес за Донарума. Се шпекулира дека Милан ќе бара 60 милиони евра, пишува „Газета дело Спорт“.
Изненадување: Претходно пишувавме дека Рибери може да заврши кај неговиот поранешен соиграч Ван Бомел во ПСВ, но сега се појави нова вест – Рибери два дена преговара со Локомотив Москва!