Британскиот боксер Скот Вестгарт (31) починал во неделата, откако му се слолошило после борбата во која го порази Дек Спелман.
Вестгарт го победи Спелман на поени после десет рунди. Во текот на борбата си разменуваа жестоки удари. Вестгарт во еден момент падна во рингот, но успеа да стане и да се врати во борбата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На конференцијата после мечот беше видно во болки. Подоцна во соблекувалната му се слошило, бил префрлен во болница каде и што починал.
„Целосно сум скршен и немам зборови. Ќе продолжам да се молам за семејство на Скот и неговите блиски. Почивај во мир пријателу“, напиша после тажната вест неговиот последен противник Дек Спелман.
Спелман беше фаворит, а Вестгарт имаше шест победи, два порази и една нерешена борба пред да почине.