Легендата на Рома, Франческо Тоти се надева дека „Волчицата“ ќе го освои Скудето, а Јувентус може да ја освои ЛШ.
Поранешниот капитен на Римјаните присуствуваше на вечерашното доделување награди на Газета, каде доби награда за животно дело. После церемонијата Тоти даде изјава за италијанските медиуми, каде нормално најмногу зборуваше за Рома.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Против Шахтјор ќе биде тешко, и двете екипи имаат своја шанса.“ – рече Тоти.
„Рома за Скудето и Јувентус за Лига на шампиони? Освојувањето на Скудето нема да биде лесно за Рома, ниту ЛШ за Јувентус, но се надевам дека тоа е возможно.“
„Мој наследник? Засега не го гледам, но еден ден ќе дојде.“ – заврши Тоти.