Дома Фудбал Италија Тоти воодушевен од Мурињо: Тој е нашиот громобран и тоа може да биде клучен фактор

Тоти воодушевен од Мурињо: Тој е нашиот громобран и тоа може да биде клучен фактор

Франческо Тоти, најголемиот играч во историјата на Рома даде интервју за „Газета дело Спорт“ во кое помеѓу останатото зборуваше и за новиот тренер на римскиот клуб, Жозе Мурињо.

Тоти призна дека е воодушевен од работата на Мурињо.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Во рана фаза сме и тешко е да се прогнозира, но некои работи навистина ми се допаѓаат. Самото тоа што Мурињо ја избра Рома нешто зборува. Тој е многу флексибилен тренер. Освои се и има харизма, играчите го следат и го слушаат. Нема сомневање дека ќе биде најдобриот можен мотивитаор и клучна фигура во соблекувалната“:

„Ме воодушеви со способноста брзо да се прилагоди на нивната околина. Се става пред сите, тој е наш громобран и тоа во град како Рим може да биде одлучувачки фактор“, заклучи Тоти.

После три кола Рома има девет гола и најдобра гол-разлика, па затоа „волчицата“ е на лидерското место во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Слот сака големо засилување, Ливерпул ќе треба да плати 90 милиони евра!

Ливерпул има потенцијална можност ова лето да ангажира едно од највпечатливите засилувања …